Буковка со бело вино на тиквешки начин
СОСТОЈКИ
● 400 гр буковка
● масло за пржење
за пивско тесто
● 2–3 јајца
● 150–200 гр брашно
● 100 мл бело вино
● малку сусам
● малку сол
● 2 големи лажици сечкан магданос
● 1 голема лажица сечкан лист од целер
● бибер
ПРИГОТВУВАЊЕ- ставете ги исчистените буковки на салфетки и оставете добро да се исушат. Изматете ги јајцата и полека додадете им брашно, виното, сусамот и малку сол. Вака приготвена, оваа смеса треба да биде погуста од смеса за палачинки.
-натопете ги буковките во смесата со пивско тесто и пржете ги во загреано масло додека да добијат златно-жолта боја. По пржењето, ставете ги на хартија за да се впие маснотијата.
-буковките се сервираат врели со микс од магданос, целер, сол и бибер. Сето тоа надополнете го со тартар сос и кригла студено пиво.