Translate

Friday, February 10, 2017

Печурки и праз во тавче | Mushroom and Leek Stew


Печурки и праз во тавче | Mushroom and Leek Stew

(en is below)
 

Многу сакам да готвам и јадам лесни и (релативно) брзи јадења кои се подготвуваат со евтини состојки. Кога имам во фрижидер од се по нешто, секогаш сакам да го искористам максимумот од секој продукт и да зготвам нешто вкусно. Ова јадење, со печурки и праз е вистински пример за тоа дека и јадењата без месо може да се вкусни. Навистина! Плус, испеков и феноменални компири (рецепт ќе има наскоро) и ручекот испадна одлично!
  Направете го ова манџиче и ви гарантирам дека прсти ќе излижете ^_^
mushroom-and-leek-stew-4Печурки и праз во тавче
Состојки: 
  • 500 гр свежи шампињони, исечкани
  • 500 гр праз, исечкан
  • 400 мл сос од домати (пелати)
  • 1 лажица концентрат од домати
  • 1 главица кромид, ситно исечкан
  • 4-5 чешниња лук, исечкани
  • сол и бибер
Подготовка:
Во тенџере, ставете маслиново масло да се загрее. На загреаното масло ставете ги празот и кромидот да се пропржат додека да омекнат. Ставете ги шампињоните и динстајте додека да испари водата. Ставете ги концентратот од домати, сосот од домати, лукчето и 400 мл вода. Зачинете со сол и бибер, покријте со капак и динстајте околу 40-50 минути додека да омекне се. mushroom-and-leek-stew-1Префрлете ја смесата во тавче за печење и печете на 200 Целзиусови степени 15 минути (опционално). Послужете со печени компирчиња, пире или зеленчук на пареа.
mushroom-and-leek-stew-3
Leftovers are great, right?! I just love them! When I have few bits and pieces in my fridge, I love when this type of dish pops out in my head. Vegan and vegetarian friendly, delicious, cheap, very tasty and so easy to make. I highly recommend making this yummy dish! I served this with my epic roasted potatoes (recipe soon!) and I was in food heaven! Nom, nom, nom ^_^
mushroom-and-leek-stew-3Mushroom and Leek Stew
Ingredients:
  • 500 gr mushrooms, chopped
  • 500 gr leeks, chopped
  • 1 small onion, chopped
  • 4-5 garlic cloves, sliced
  • 400 ml tomato passata
  • 1 tablespoon tomato purée
  • salt and pepper
Prep:
In a pot, add some evoo and sauté leeks and onion until soft. Add the mushrooms and sauté until all the water is evaporated. Add passata, tomato purée, 400 ml water, season with salt and pepper, cover with a lid and cook for 40-50 minutes until all thickness. mushroom-and-leek-stew-1Transfer the mixture in a baking dish and bake for 10-15 minutes (optional).Serve with roasted potatoes, mash potatoes or steamed vegetables.



izvor>
 https://garlickygirl.wordpress.com

Sunday, June 23, 2013

Рецепти со Буковка

Буковка со бело вино на тиквешки начин

 

СОСТОЈКИ
● 400 гр буковка
● масло за пржење

за пив­ско тесто
● 2–3  јајца
● 150–200 гр бра­шно
● 100 мл бело вино

● малку сусам

● малку сол
● 2 големи лажици сеч­кан маг­да­нос
● 1 голема лажица сеч­кан лист од целер
● бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
- ста­вете ги исчи­сте­ните буковки на салфетки и оста­вете добро да се ису­шат. Изма­тете ги јајцата и полека дода­дете им бра­шно, виното, сусамот и малку сол. Вака при­го­твена, оваа смеса треба да биде погу­ста од смеса за палачинки.

 -нато­пете ги буков­ките во сме­сата со пив­ско тесто и пржете ги во загре­ано масло додека    да доби­јат златно-жолта боја. По прже­њето, ста­вете ги на хар­тија за да се впие маснотијата. 

-буков­ките се серви­раат врели со микс од маг­да­нос, целер, сол и бибер. Сето тоа надо­по­лнете го со тар­тар сос и кри­гла сту­дено пиво.

 

Monday, April 27, 2009

Resocijalizacija - beneficii od prirodata

Nevladinata organizacija Ekovita od Negotino од 20-24 April vo Dubrovnik, Hrvatska, ucestvuvase na konferencijata:

“Resocijalizacija- beneficii od prirodata”,



www.afsc.org

vo organizacija na American Friends Service Committee (AFSC),zaedno so 12 nevladini organizacii, pretstavnici od bivsite Jugoslovenski prostori

Ekovita preku svoite proektni koordinatori Maja Todorova i Velice Temelkova gi prezentiraa proektite:
“Odgleduvawe na lekoviti pecurki - Shiitake”



“So preventiva protiv porocite na 21 vek”



Prezentaciite naidoa na interes kaj prisutnite ekolozi od regionot so moznost za ponatamosna sorabotka.

Organizatorot Davorin Brganovic, istakna deka konferencijata gi ispolnila svoite ocekuvanja so prekrasnite proekti koi bea prezentirani od 12 nevladini organizacii.

Konferencijata isto taka, preku ovie prezentacii, go obelezаa i Denot na planetata Zemja.

Se organizirase iposeta na botanickite gradini na ostrovot Lokrum kako i na akvariumot i muzejot na Frawevackata crkva vo Stradun i povece znamenitosti na Dubrovnik.












Thursday, November 13, 2008

TERRA MADRE

Tretiot saem za tradicionalna hrana od zaednicite TERRA MADRE se odrza od 22 do 27 oktomvri vo Torino Italija,7000 delegati od 154 zemji. Pokraj izlozbeniot del se odrzaa i forumi za zdrava hrana.
Makedonija za prvpat bese pretstavena na ovoj saem so 8 pretstavnici od nevladini organizacii od Negotino, Makedonski Brod i Mavrovo.
Nevladinata organizacija EKOVITA od Negotino ja pretstavuvaa Sasko Todorov i Lazov Cire.
Na ceremonijata na otvaraweto na mitingot makedonskiot pretstavnik bese oblecen vo tradicionalna makedonska obleka i na site oficijalni dokumenti na ovoj medzunaroden saem Makedonija bese pretstavena pod ustavnoto ime.

Mototo na ovoj medzunaroden miting e da se promovira zdravata hrana so svoj brend, proizvedena na tradicionalen na~in so odrzlivo iskoristuvawe na zivotnata sredina.
Domacin na makedonskata delegacija bese vinarijata La Spineta od Kastanjole Lance, vo koja polovina od vrabotenite se makedonci. Bevme odlicno primeni i ne zapoznaa so nivniot pecalbarski kraj.
Poseta napravija i na tradicionalniot saem na tartufi, koj sto se odrzuva vo gradot Alba
Delegacijata se vrati so bogato iskustvo i Se zapoznavme so tradicionalnata hrana od drugite narodi.

Sponzor na ovaa poseta e fondacijata Terra madre od Italija,
a organizator e Ludwig Boltzmann Institute of Human Rights Research Association (BIM-FV)


Povece informacii na stranata
www.terramadre.info


http://www.terramadre.org/pagine/rete/leggi2.lasso?id=1680&ln=&tp=3&-session=terramadre:42F947761418520340xWy34BFBD2










Sunday, October 12, 2008

Growing oyster mushrooms


Proektot e finansiran od:

Balkanska fondacija za deca i mladi

www.balkanyouth.org

Фондацијата Институтотворено општество -Македонија (ФИООМ)

www.soros.org.mk

Studio Moderna

www.studio-moderna.com

1. ОДГЛЕДУВАЊЕ НА БУКОВКАТА
Буковката е позната и ценета печурка. Нема некои поголеми ризици во текот на одгледувањето, отпорна е на болести и штеточини, покажува голема толеранција кон температурата, дава големи приноси и е со одличен вкус, па поради тоа посебно се препорачува на почетници. Најдобро се одгледуваат од септември до мај, додека во зимниот период потребно е да се одржува температурата над 14С.
Услови за одгледување се: -ОБЈЕКТИ: можат да се користат гаражи, подруми, напуштени објекти и други места со голема влажност.

-СВЕТЛИНА: претставува битен фактор за правилниот раст и развој на печурките, објектот треба да биде добро осветлен. Да се избегнува дирекно сончево осветлување, но при целосен мрак печурките не се развиваат.

-ВЕНТИЛАЦИЈА: печурките при дишењето користат кислород и испуштаат јаглерод диоксид, затоа потребно е многу да се внимава со вентилацијата. За помали количини на супстрат доволна е природна вентилација со отворање на прозор и врата (правење на провев), а за поголеми количини потребен е систем за вентилација. Доколку не се обезбеди овој фактор доаѓа до деформација на плодот во вид карфиоли.


-ВЛАЖНОСТ: треба да изнесува од 80 - 90%. За да се обезбеди овој услов потребно е на подот да се стави ситен песок и да се прска со вода.

-ТЕМПЕРАТУРА: оптималниот опсег изнесува околу 14-24С, минимална температура на која можат да опстанат е до 2С а максимална до 30С.

-ХИГИЕНА: просторот каде што се одгледуваат треба да биде потполно чист, варосан и испрскан со фунгицид и инсектицид посебно околу вратата и прозорците. Вреќите во кои ќе се одгледуваат треба да се чисти и по можност нови.

2. СУПСТРАТ И НЕГОВА ПРИПРЕМА

Како супстрат најчесто и најдобро за одгледување се користи сламата, која треба да биде со добар квалитет, а потоа балите на најлон се растураат на чиста бетонирана површина и неколку пати се меша и прска со вода, се покрива со најлон, и за 24 часа сламата ќе прими доволно влага (сламата не треба да се влажни повеќе од 24 часа во лето).

Овој начин на влажнење е препорачлив за почетници затоа што се обезбедуваат хигиенски услови при влажнењето на сламата. Не се препорачува влажнење во буриња и базенти, бидејќи при недоволно чистење на истите секогаш остануваат места каде се развиваат микрорганизми (бактерии) и при наредното влажнење може да го уништи целиот супстрат.
Важнењето на сламата има и за цел да се активираат спорите на мувлите, кои за 24 часа клијат и преминуваат во вегетативна фаза. (спорите на мувлите можат да издржат температури и до 100С но мувлите во вегетативна фаза умираат и на 60С.

Доколку сламата се растури на најлон и се испрка со вода а потоа се покрие со најлон, таа ќе прими доволно влага и кислород за да се активираат спорите на мувлите, а потоа со варењето многу полесно ќе се уништат сите микроорганизми.


Стерилизацијата се изведува со вриење на супстратот (сламата) 30 мин. во поголем сад (буре, казан), се вади и се става на чиста површина а потоа се покрива со најлон. Најважно е пред засејувањето сварената слама да биде оладена на температура под 25С, бидејќи на температура над 40С мицелиумот се уништува, (сварената слама да се посее истиот ден). Најголеми грешки во одгледувањето на габите се прават токму во оваа фаза. Затоа е потребно да се избере што поквалитетна слама, мувлосана да не се употребува и варењето да се изведе што подолго.


3. ЗАСЕЈУВАЊЕ СО МИЦЕЛИУМ
Засејувањето се врши со миниум 3 литри мицелиум на 100 кг. термички обработен супстрат. Мицелиумот што го добивате е пакуван во пластични кеси од 1.5 литри и е доволен за засејување на 50кг. сварена слама или четири вреќи од по 13кг. За почетници подобро е да се употреби поголема количина на мицелиум. На најлонските вреќи пред полнењето, да им се направат неколку реда на отвори со големина од 15-20 мм на растојание од 20 см. (се прави со наострено цевче). Се кини кесето од мицелиумот се зема малку од семето и се става на дното од вреќата а врз него се става ред слама (околу 10 см.) и така се полни наизменично се до врвот. Треба да се внимава вреќите да бидат добро набиени, на врвот се подврзуваат, а на долниот дел се сечат врвовите како би можело да истече вишокот на водата. Вака наполнети вреќите се носат во просторијата каде што ќе се одгледуваат. Се редат во редови со растојание меѓу вреќите од 40см. По засејувањето вреќите да не се преместуваат од едно место на друго, бидејќи може да дојде до оштетување на мицелиумот.


4. ИНКУБАЦИЈА
Периодот на инкубација започнува од засејувањето до појавата на првите плодови, и во зависност од видот трае околу 3 недели. Со намалување на температурата само ќе се зголеми периодот на инкубацијата. За неколку дена мицелиумот ќе почне да се шири од секое зрно што јасно се гледа преку вреќата. За време на инкубацијата треба да обрасне (да побели) целата вреќа. Во оваа фаза додека не се појавени печурките и во колку има појава на мушички може да се испрска со некој инсектицид.


5. ФРУКТИФИКАЦИЈА
После 3-4 недели преку отворите се појавуваат првите зачетоци на буковката кои наликуваат на мал грозд. По 4-5 дена од нивното појавување веќе го добиваат потребниот облик. Бербата почнува откако рабовите на шеширот на печурката ќе се исправат, тогаш со вртење на лево и на десно се откинува целиот грозд. После 2-3 дена од првата берба со нож се отстрануваат остатоците од печурките дршки, неразвиени) и вреќите се оросуваат со вода. Вториот бран се појавува за 10-15 дена и следи истиот развој на печурките. Во зависност од видот и условите, приносот на печурките се движи од 15-25% од супстратот. Одгледувањето завршува со третата берба и вреќите се изнесуваат од просторијата. Истрошениот супстрат понатаму може да се искористи за одгледување на калифорниски црви за добивање на високо квалитетно губриво.




6. ЗАШТИТА
Се следи развојот на печурките од засејувањето до последната берба. Ако во почетокот мицелиумот добро и брзо се развива, тогаш буковката станува отпорна на многу болести. Проблемот со мушички е многу голем, посебно ако тие зазеле голем замав. Потребно е просторијата да биде заштитена со мрежа, која се поставува на прозорците и го спречува нивното навлегување, а во случај на појава на мушичките, треба да се испрска со некој инсектицид (нео-итроид, буба-кил). Треба да се избегнува прскањето кога печурките се веќе појавени. Главна мерка за заштита од штеточините е правилна стерилизација на супстратот и дезинфекција на просторијата.



7.МИЦЕЛИУМ
До употребата да се чува во обичен фрижидер на температура од 2-4С најмногу два месеца. Мицелиумот во ќесето треба да биде чисто бел, во спротивно да не се користи. Пред засејувањето потребно е да се држи 24 часа на собна температура.

8.ЗАБЕЛЕШКА Доколку се избере неквалитетна слама и не се изведе правилно стерелизацијата, мицелиумот слабо се развива и подоцна ке се изгуби. Вреќите ќе потемнат (мувлосаат), ќе проникне житото и ќе се појави мастилавката (Coprinus sp.). Најчесто овие вреќи ги привлекуваат мушичките и претставуваат опасност за другите вреќи, затоа треба да се изнесат и исфрлат што подалеку од просторијата каде се одгледуваат печурките. Посебен проблем е преминот од аматерско кон индустриско произвотство. Најмногу се заборава на вентилацијата која претставува битен фактор. Прв симптом на загушување со јаглерод двооксид е деформација на плодните тела во вид на карфиоли кои се развизаат под вреќата. За успешно произвотство потребно е да се исполнат сите услови: квалитетна слама, правилна стерилизација, квалитетен мицелиум, услови во објектот и продажба на производот.

Nevladina organizacija EKOVITA Negotino

ekovita@hotmail.com

www.ekovita.org.mk

www.linkngo.org/ekovita

043 362 643

070 684 036

Dipl. in`. biolog Maja Todorova

Dipl. in`. biolog Sa[ko Todorov


Pleurotus hibrida Pleurotus cornucopiae var. citrinopileatus (Golden Oyster)

Pleurotus cornucopiae var. citrinopileatus (Golden Oyster)

Pleurotus hibrida



Growing Medicinal Mushrooms Shiitake (Lentinus edodes)

Growing Medicinal Mushrooms Shiitake (Lentinus edodes)

Одгледување на лековити печурки шиитаке

Basic Goal:

Self-employment of youth from at-risk families

through the growing of medicinal Shiitake mushrooms in the home

Specific goals (Objectives):

Formation of beneficiary group. With cooperation from the Center for Social Work in Negotino, Ekovita will form a work group consisting of at least 10 beneficiaries identified by the Center as coming from socially at-risk families.

Theoretical workshops. In Ekovita’s office in Negotino, we will hold theoretical and Internet workshops on the process of preparing mushroom compost and Shiitake mushroom growing.

Practical workshops. EkoVita will assist all 10 beneficiaries with the practical aspects of Shiitake mushroom growing at their homes.

Web presentation of the project. Ekovita will present the project’s progress on its website at www.ekovita.org.mk and will initiate the possibility for the project’s replication in other associations.

Одгледување на лековити печурки
Јапонскитe печурки Шиитаке (Lentinus edodes) и Реишии (Ganoderma lucidum) се познати по својата хранливост и лековитост и може успешно да се одгледуваат во домашни услови. Заедничко својство на овие габи е што го јакнат имунолошкиот систем, го намалуваат холестеролот во крвта и го регулираат крвниот притисок.

Печурките на сликите се одгледани во Неготино










Shiitake
(Lentinus edodes) Шиитаке











Nevladinata organizacija Ekovita od Negotino

go sproveduva proektot:

Odgleduvawe na lekoviti pe~urki

{ii take (Lentinus edodes)

и Реишии (Ganoderma lucidum)



Ganoderma lucidum









Proektot e poddr`an od:

Ludwig Boltzmann Institute of Human Rights

Research Association (BIM-FV)

www.univie.ac.at/bim/macedonia

Proektot e finansiran od:

Austrian Developmen Cooperation

www.ada.gv.at

Ekovita vo sorabotka so JUM Centar za socijalna rabota Negotino formira rabotna grupa od 10 edukanti, mladi nevraboteni lica. Vo svoite prostorii se odr`aa teoretski predavawa:

= procesot na priprema na kompost,

= odgleduvawe na gabata i problemi vo proizvodstvoto,

= berba i priprema na pe~urkite,

= kako se odgleduva vo drugite zemji.

Vo isto vreme na edukantite se izvr[i i internet obuka kako da dojdat do informacii za odgleduvaweto vo drugi farmi i drugi zemji, kako da se spravat so problemite vo proizvotstvoto na gabata [ii take. Ovaa obuka e bitna za da se pottiknat samite edukanti da baraat informacii za svoite problemi vo proizvodstvoto, dru`ewe i razmena na iskustvoto meu sebe.

Ekovita kaj site 10 edukanti prakti~no go realizira ovoj proekt. Za po~etok e nabaven gotov kompost, za da startuva uspe[no proizvodstvoto a potoa vo zavisnost od uslovite edukantite, ]e bidat obu~eni i samite da si go pripremat. Ovaa operacija ]e se izveduva kaj edukantite so u~estvo na familijata.

Proektniot tim na Ekovita go kontrolira celiot procesot na odgleduvawe na gabata [ii take. Vo kontrolata ]e gi vklu~i site edukanti potenciraj]i meusebno da sorabotuvaat, da gi razgleduvaat meusebno postignatite rezultati i problemi.

Nevladina organizacija EKOVITA Negotino

www.linkngo.org/ekovita

043 362 643
070 684 036